Најбогатите жени во бизнисот за 2014

59

Форбс ја објави листата на најбогатите жени за 2014. Помалку или повеќе познати, овие богати наследнички се моментално најмоќни жени во светот.

Кристи Валтон

Christy-Walton

Проценето богатство: 36,7 милијарди долари
Жена на починатиот могул Џон Томас Валтон, син на основачот на Волмарт, Сем Валтон.

Лилијан Бетенкорт

liliane-bettencourt-5532628otesx_1713

Проценето богатство: 34,5 милијарди долари
Богатата Французинка е прва дама на L’Oreal

Алис Валтон

alice-walton

Проценето богатство: 34,3 милијади долари
Ќерка на основачот на Волмарт

Жаклин Беџер Марс

National Museum of Women in the Arts 25th Anniversary Gala

Проценето богатство: 20 милијарди долари
Жаклин е трета генерација наследници на светски познатиот бренд за слатки Марс.

Џина Рајнхарт

0x600

Проценето богатство: 17,7 милијарди долари
Рајнхарт е најбогатата Австралијанка благодарение на бизнисот со железна руда и јаглен.

Сузан Клатен

DEU Klatten

Проценето богатство: 17,4 милијарди долари
Најбогатата жена во Германија поседува скоро половина од акциите на BMW.

Лорен Пауел Џобс

M_Id_386587_Laureen_Jobs

Проценето богатство: 14 милијарди долари
Вдовицата на Стив Џобс поседува најмногу акции од компанијата Дизни, како наследство од сопругот.

Мучиа Прада

prada-politics

Проценето богатство: 11,1 милијарди долари
Италијанката Мучиа Прада е главен дизајнер во компанијата за луксузна облека и аксесори наследена од својот дедо, чие име го носи.

Шарлин де Карваљо – Хајнекен

ANP-CHARLENE1_0

Проценето богатство: 10,4 милијарди долари
Холанѓанката Карваљо – Хајнекен наследи од својот татко една четвртина (25%) од семејниот бизнис, познат насекаде во светот.

Хуијан Јанг

US-Magazin "Forbes": 26-jährige Yang Huiyan reichste Frau Chinas und Asiens

Проценето богатство: 6,9 милијарди долари
Јанг е моментално најбогата жена во Кина, наследничка на Country Garden Holdings, компанијата која се занимава со инвестирање во недвижнини.

Пенси Хо

pancy_ho_finale_rectangle

Проценето богатство: 6,4 милијарди долари
Хо е најбогатата жена во Хонг Конг и ко-претседател на MGM China.

Сандра Ортега Мера

mera-2--644x362

Проценето богатство: 6,1 милијарди долари
Ќерка на основачот на Зара, шпанецот Амансио Ортега, третиот најбогат човек во светот.

Марија Асунсион

top-2_27mayo2013

Проценето богатство: 5,2 милијарди долари
Мексиканката Марија е наследничка на дел од Grupo Modelo, производителот на популарните пива Corona и Negra Modelo.

Кирстен Раусинг

Kirsten-Rausing

Проценето богаство: 5,1 милијарда долари
Заедно со своите браќа, Швеѓанката Раусинг стои на чело на компанијата Tetra Laval. Нивниот дедо е основачот на компанијата Tetra Pak и изумителот на револуционерното пакување тетрапак, кое денес има широка примена во индустријата.