Најбрзо растечки економии во светот оваа година

41

-1x-1

Земјите во развој од Азија и Африка се наоѓаат на врвот во светот кога станува збор за проекциите за глобалниот економски развој за следните две години, пишува Bloomberg business.

Светот очекува раст од 3,2% во 2015 година и 3,7% во следната година, покажуваат податоците од истражувањето на Bloomberg, направено во соработка со повеќе економисти.

За Кина, Филипините, Кенија, Индија и Индонезија, земји што сочинуваат 16% од глобалниот бруто домашен производ, се предвидува раст од над 5% во 2015 година.

Проекциите покажуваат дека САД и Велика Британија, во текот на оваа година, ќе остварат раст од 3,1% односно 2,6%. Земјите од евро зоната се очекува да остварат економски раст од 1,2%, откако претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, постигна договор со Грција за стимулација на регионалниот раст.