Најбрзорастечката компанија за поштенски услуги во регионот, „Мик Мик” започна со работа и на македонскиот пазар

298

Компанијата „Мик Мик” која е позната на регионалниот пазар по својата брза и прецизна достава и највисок процент на успешност при достава, и која редовно опслужува над 10.000 клиенти на Балканот, меѓу кои и брендови како Адидас, Интерспорт и Џамбо, започнува со работа и на македонскиот пазар.

Со 24-часовно логистичко поврзување на источната и западната патна мрежа, „Мик Мик” брзата пошта обезбеди транспорт без задржување на пратките во собирен центар и нивно побрзо пристигнување во сите градови низ земјава.

Влезот на компанијата на македонскиот пазар го обележаа големи инвестиции, како во сопствени капацитети, така и во аквизиција на постоечки. Истовремено, преку ангажирање на најдокажаните кадри од индустријата во државата и регионоткомпанијата ќе го пренесе своето досегашно искуство од регионот и во Македонија.

Со користење на услугите на Мик Мик, граѓаните и компаниите добиваат можност за вистинско следење на пратките во реално време, овозможено преку системот за скенирање на пратки во секоја точка на контакт, што значи дека корисниците имаат целосен увид од приемот до доставата на пратката до крајниот корисник. „Истовремено, за сите корисници, на располагање е и нашиот Центар за грижа, кој работи со продолжено работно време до 21 часот”, велат од компанијата.

Кулминација на инвестирањето е логистичкото поврзување на источната и западната рута, што значително го скусува времето на достава на пратките за сите градови во Македонија.
 
„Со логистичко поврзување на западната и источната патна мрежа, преку одржувањето на 24 часовни рути, за граѓаните обезбедивме пристигнување на пратките најдоцна следниот работен ден, меѓу кои било две населени места во државава”, истакнуваат од компанијата.

Покрај за граѓаните, лансирањето на Мик Мик на македонскиот пазар ќе донесе големи бенефиции и за компаниите, а посебно за трговците. Компанијата располага со сопствен ИТ тим кој нуди поддршка и напредни софтверски решенија за директно поврзување на системите на трговците со поштата и значајно скратени административни процедури.

Од компанијата додаваат дека постојано работат на развој на нови решенија во полза на граѓаните по терк на последните трендови од развиените земји, за да овозможат најсовремени поштенски услуги и во нашата држава.