Најчести грешки што жените ги прават кога преговараат

229

Без разлика дали барате покачување на плата или преговарате за условите на вработување, дали ќе го постигнете она што е најдобро за вас зависи од вашите способности за преговарање. Судејќи според истражувањата, голем број на жени прават исти грешки. Затоа, обрнете внимание на најчестите грешки кои ги прават жените кога преговараат:

Не преговараат

Најчесто, жените воопшто не преговараат, туку ја прифаќаат првата понуда. Но,ако сте во корпоративен систем, во којшто може да напредувате во корпоративна пирамида, од вас се очекува да преговарате, бидејќи така ги покажувате своите лидерски вештини и подготвеност да се изборите за себе си. Тоа секако укажува на вашето знаење да се борите и за потребите на компанијата.

Не ја проверуваат понудата

Жените често пати го земаат “здраво за готово“ она што работодавачот го кажува, а тој е често маж кој говори “ова е најдобро што можеме да ви понудиме“ или “ова е конечна понуда“. Истражувањата покажуваат дека кога мажите се среќаваат со ваква тактика на работодавач, тие не прифаќаат од прва, туку почнуваат да преговараат, настојувајќи да се изборат за повеќе погодности.

Не бараат најдобро, туку најчесно

Кога преговарате, кога нешто барате од вашиот работодавец, не користете го зборот “фер“. Истражувањата покажуваат дека мажите пристапуваат на преговорите како натпревар во којшто сакаат да победат и со тоа го бараат најдобриот исход за себе. Наместо тоа, жените сакаат да постигнат фер договор. Запомнете, вас не ве интересира фер исход, туку оној што е најповолен за вас, тоа се деловни преговори, а не разговор помеѓу пријателите.

Фото: Pixabay