Најчести причини за стрес на работното место

164

Постојат многу причини за стрес, со оглед на брзото темпо на работа и живот. Она што е важно е нивното идентификување, отворен пристап и решавање во најбрзо време.

Несигурна работа 

Ако вашата работна позиција е лесно заменлива или ако компанијата е во криза, постои можност да останете без работа. Несигурноста на работното место е еден од најголемите предизвикувачи на стрес.

Премногу работа

Натрупување со премногу обврски и крајни рокови што речиси се невозможни да се постигнат, го става здравјето на работникот во ризик. Постои можност од преоптоварување, а тоа има само негативни последици.

Мали примања

Малите примања во однос на тоа што го работите се причина за големо незадоволство што доколку трае подолго време може да премине во постојан стрес.

Работно време

Долгите работни часови и работата за викенд го преоптоваруваат работникот и влијаат на нивото на стрес. Исто така, тука се вклучуваат и ноќните смени кои умеат да бидат многу напорни.

Конфликти и лоша комуникација

Изложеност на чести конфликти и лоша комуникација помеѓу вработените и претпоставените не носи ништо добро. Негативно влијае на само на индивидуалци, туку и на целиот тим.

Недостаток на тренинг и ресурси

Честопати се случува вработен да добие задача за којашто нема доволно тренинг и ресурси. Тоа не само што предизвикува стрес кај работникот, туку повлекува и лош перформанс што не е добро ни за самата компанијата.

Фото: Pexels