Најчудните работи што ги направиле кандидатите за време на интервју за работа

60

stolcinja-pixabay

Фото: Pixabay

Секој работобарател сака да се издвои од конкуренцијата, но некои кандидати го прават тоа на погрешен начин.

Повеќе од 2.600 менаџери за човечки ресурси и работодавачи ги споделиле своите незаборавни искуства со работобарателите на американскиот сајт за вработување CareerBuilder. Еден кандидат пеел одговарајќи на поставените прашања на интервјуто, а друг си понел играчки од детството. Business Insider пренесува некои од најчудните работи што ги направиле кандидатите за време на интервјуто за работа.

Погрешни одговори

На прашањето зошто треба да биде дел од тимот, кандидатка одговорила дека има совршена коса.

Запрашан зошто аплицирал за конкретната позиција, кандидат одговорил дека неговата сопруга ја сакала таа работа.

Кандидат одговорил дека нема да може да носи панталони, бидејќи тие не би се чувствувале добро, а друг на менаџерот за човечки ресурси ѝ рекол дека ако сака да стигне во рајот, би требало да го вработи.

Детско однесување

Кандидат побарал да се јави на сопругата за да ја праша дали почетната плата е доволна, пред да продолжи со интервјуто.

На интервјуто за работа еден кандидат си ги понел играчките од детството.

Непристојно однесување

Кандидат почнал да вика, бидејќи интервјуто за него било премногу долго.

Додека траело интервјуто, кандидат си јадел пица (без да ги понуди другите).

Непристојни предлози

Кандидат инсистирал да им гледа на дланка на менаџерите кои го спроведувале интервјуто, а друг кандидат побарал да излезе на вечера со менаџерот за човечки ресурси.

Лоши прашања

Кандидат кој аплицирал за работа во хотел прашал дали би било во ред да живее во хотелот.

Кандидат прашал каде е најблиската кафеана.

 Чудно однесување

Кандидат си ги мачкал со лосион своите нозе за време на интервјуто, а друг ги јадел ронките од масата.

Додека траело интервјуто, кандидат фрлал конфети.

На интервјуто еден кандидат си го понел папагалот, а друг пеејќи одговарал на поставените прашања.

Семејната фотографија која била поставена на масата на лицето кое го спроведувало интервјуто, еден кандидат си ја ставил во чанта.