Почетна Новости Свет Најцрниот автомобил во светот (ВИДЕО)

Најцрниот автомобил во светот (ВИДЕО)

96

Ова е автомобил кој нема да можете да го видите во темница, додека преку ден ќе биде многу чудна глетката.

Апсорбира речиси 100% од светлината и на тој начин изгледа како „црна дупка“. За сè се заслужни „Koyo Orient Japan“, који нудат „Musou“ црна боја, пишува Index.hr.

Тоа е најцрната нијанса на акрилна боја на база на вода и стои веднаш до нијансата „Vantablack“ што „BMW“ ја претстави на саемот во Франкфурт со нанесување на „BMW X6“.

„Musou“ црната боја апсорбира 99,4% од светлината, поточно рефлектира само 0,6% од светлината.

Произведена е во 2020 година, а сега таа боја е нанесена на Порше 911. Како изгледа во сообраќајот е прикажано во видеото.

 

За потсетување, „Vantablack“ бојата на „BMW“ е уште поцрна. Имено, таа апсорбира дури 99,96% од светлината, но не е комерцијално достапна.