Најдобри градови во светот за отворање старт – ап

78

star ap 1

Пекинг, Куала Лумпур, Варшава, Москва и Бангалор се петте најдобри градови во светот за лансирање на старт – ап бизнис, покажува истражувањето на The Brighton school of business and management, објавено на Forbes.

Зад овие пет престолнини, се најдоа и: Сиднеј, Тунис, Лондон, Каиро и Софија.

Пекинг

peking

Кинеската култура не го поддржува претприемништвото, но ситуацијата во оваа традиционална земја полека се менуваат. Постојано се зголемува бројот на успешни приказни создадени од успешни претприемачи. Слоганот Made in China повеќе не значи производ со евтина цена и низок квалитет.

Кинеските власти имаат програма за даночно олеснување на старт – ап компании од 1.500 долари. Оваа мерка е за бизниси што се отворени од страна на невработени или штотуку дипломирани лица. На почетокот на оваа година, Кина основаше фонд за поддршка на старт – ап бизниси со 6,5 милијарди долари.

Куала Лумпур

Kuala Lumpur

Трошоците за живот се пониски во Малезија одошто во Сингапур. Од таа причина, голем број старт – ап компании се основани во Сингапур, но нивните сопственици живеат на Тајланд или во Малезија.

Но, сопствениците на стартапи во последно време ја претпочитаат малезиската престолнина за инвестирање поради специфичноста на нејзиниот пазар. Доколку некој старт – ап успее на овој пазар, во тој случај има потенцијал за раст на кинескиот, индонезискиот и пазарот во Индија.

Варшава

Old Town Market Square in Warsaw - Zakrzewski's Side

Полска е земја со поголем пазар и значајна историја на претприемништво за разлика од Чешка и Словачка. Варшава е привлечна и за повеќе технолошки гиганти, како што е Google, којшто отвора кампус до крајот на годината.

Москва

moskva

Претприемништвото во Русија е особено ценето, а се должи на големиот број на квалитетни инженери. Во оваа земја, стартапите се фокусирани на бизнис поврзан со IoT – Internet of Things. Поради политичките тензии, голем број експерти одлучуваат да заминат во Силиконската долина, југоисточна Азија и Европа за да бидат сигурни во успехот на нивните инвестиции.

Бангалор

bangalor

Претприемништвото е во голем подем во Индија, особено во градовите Бангалоре, Мумбаи, Њу Делхи… Бангалор е главен град на јужната држава Карнатака во Индија. Она по што е специфичен овој пазар е големиот број на дипломирани инженери. Најголем дел од нивните бизниси се поврзани со инженеринг и технолошки развој.