Најдобри и најлоши аеродроми во главните градови на Европа

126

Omnio, германската интернет платформа за патување со воз, автобус и авион, го прогласи хрватскиот меѓународен аеродром Загреб за најлош меѓу 30 во Европа. Од можни 100 поени, тој доби точно нула. Германците ги оценија аеродромите во 30 европски метрополи. Тие ги споредија аеродромите според повеќе фактори: достапност, опремeност и содржина за трошење слободно време, пишува порталот Индекс.

Меѓу другото, разгледуван е бројот на одложени летови, дневниот број на патници на аеродромот и како тие се опремени: дали имаат тушеви, “тивки“ простории, простории за одмор и места со електрична енергија за полначи. Друг критериум според кој беше дадена последната оценка беше бројот на квалитетни објекти за поминување на слободното време, вклучувајќи продавници, ресторани и игралишта за деца.

Најдобриот аеродром во Мадрид, следат Рим и Амстердам

Победник е меѓународниот аеродром во Мадрид во Шпанија поради “широк спектар на продавници и ресторани, како и добри врски помеѓу аеродромот и центарот на градот“. Аеродромот Леонардо да Винчи-Фиумичино во Рим е втор по ред, додека аеродромот Шипхол во Амстердам е на третото место. На четвртото место е Копенхаген, петта е Москва, следи Хелсинки, додека првите 10 ги затвораат Хитроу во Лондон, Портела во Лисабон, Вацлав Хавел во Прага и на крај, аеродромот Берлин-Бранденбург во германската престолнина.

Меѓународниот аеродром во Загреб, Фрањо Туѓман е најлош од сите со точно нула поени од можни 100. Вториот најлош аеродром е оној во црногорската престолнина Подгорица и трет најлош во ерменскиот главен град Ереван.

Фото: Pixabay