Најдобри и најлоши градови за иселеници во светот

85

Шпанскиот град Валенсија е најдобар град во светот за странци, покажува истражувањето на InterNations.

Од вкупно 66 градови во светот, меѓу најдобрите се најдоа и: Аликанте, Лисабон, Панама Сити, Сингапур, Малага, Буенос Аирес, Куала Лумпур, Мадрид и Абу Даби.

Од друга страна, најлоши за живот се: Салмија, Рим, Сеул, Милано, Најроби, Париз, Јоханесбург, Сантијаго, Даблин и Хонгконг.

Од земјите во регионот се најдоа Атина (50-то место) и Истанбул (54).

Градовите се рангирани според пет критериуми: квалитет на урбано живеење, локални трошоци за странци, здравје и животна средина.

Фото: Pixabay