Најдобри универзитети во светот

126

Над 1.500 универзитети од 93 земји во светот се најдоа на светската ранг листа на најдобри универзитети на The Times Higher Education за 2021 година.

Прв на листата, со највисоки оценки, се најде Универзитетот Оксфорд од Велика Британија. Зад него се најде американскиот Стенфорд, додека зад него е Харвард. Првата петорка најдобри универзитети ја комплетираат: Институтот за технологија Калифорнија и Институтот за технологија Масачусетс.

Меѓу 10-те најдобри универзитети на планетата, осум се од САД (Стенфорд, Харвард, Институт за технологија Калифорнија , Институтот за технологија Масачусетс, Беркли, Јеил, Принстон и Универзитетот Чикаго) и два од Велика Британија (Оксфорд и Кембриџ).

Фото: Freepik