Најдобриот резултат во САД за Audi А3 Лимузина

21

audiИнститутот за безбедност на автопат (IIHS) го додели на Audi А3 Лимузина врвното признание за одличната безбедност Top Safety Pick+. Новиот модел е еден од најбезбедните автомобили на пазарот во САД.

“IIHS  ја награди новата Audi А3 Лимузина поради врвните резултати добиени од сите тестови на кои се симулира судир. Наградата Top Safety Pick+ што ја освои Audi А3 Лимузина на еден импресивен начин ја илустрира важноста и вниманието кое Audi го посветува на безбедноста на своите автомобили”, изјави Јоаким Шеф, раководител на одделот за безбедност во AUDI AG.