Престижното списание за луксузна храна Saveur и оваа година ги рангираше најдобрите менија понудени од авиокомпаниите. Помеѓу наградените во категориите прва, бизнис и економска класа се најдоа Emirates, Turkish Airlines, Delta Airlines, Singapore Airlines, Oman Air и Etihad Airways.
Див ирански кавијар со кисела павлака и канапе, или јагнешки ролат со динстан сезонски зеленчук и крем пире од компири е само едно од понудените менија од авиокомпанијата Emirates и сето тоа залеано со шампањ.
Тука доаѓаат и ракчињата на скара со ориз, сезонска салата и сос од црвен пипер и маслиново масло.
Прва и бизнис класа мени започнува со кавијар и шампањ Dom Pérignon, по што следува канапе и разни апатисани како зимска супа од тиква и јаболко.
Главното јадење вклучува говедско филе, Loch Fyne лосос, печен бакалар со томато сос, сос од билки и маслиново масло, рижото со шафран и аспарагус на скара.
Понатаму пилешко на скара, пире, зачинет млад зеленчук, домати и боранија. Исто така на менито можат да се најдат ќебапи од шкампи, ориз на пареа со ореви од бор и бамја.
По десертите кои меѓу другото вклучуваат чоколаден мус и баклава, се служат и разни видови на сирење заедно со вино од типот на Croft vintage port.