Најдобрите еко луксузни хотели

56

На прв поглед звучи контрадикторно, хотели од прва класа што пружаат секакви удобности, а истовремено се грижат за околината. Но сепак двата концепта можат многу добро да функционираат заедно.

Hoshinoya-Karuizawa-winter-468x263 Hoshinoya-Karuizawa-dining-hall-468x263 Hoshinoya-Karuizawa-bedroom-468x263

Близу една развиена светска метропола како што е Токио, се наоѓа токму едно вакво место. Еколошки луксузен спа резорт кој ја користи геотермалната енергија за да придонесе за едно луксузно спа искуство, за кое се вели дека е лековито за кожата.

Името на овој резорт, изграден во традиционален јапонски стил е Hoshinoya Karuizawa. Тој исто така нуди еко тури, пеш или со велосипеди, на кои се посетуваат дивите птици дење и летечките верверички ноќе.

Еве уште неколку такви места ширум светот.

Laguna Lodge, Гватемала

Laguna-Lodge-Hotel-jaguar-suite-468x310 Laguna-Lodge-Hotel-coffee-468x312 Laguna-Lodge-Hotel-Guatemala-pool-468x351
Сместено во густите тропски џунгли на Гватемала, овој бутик-хотел со 5 ѕвезди нуди прекрасен поглед на езерото Atitlan и три вулкански врвови во далечината. Апартманите се направени од вулкански камен и палми, а декорирани со антиквитети од времето на Маите. Се користи исклучиво сончева енергија, водата од дождовите се собира и се користи за одгледување на органски растенија, а оброците се без месо.

The Scarlet, Корнвол, Велика Британија

Scarlet-Hotel-England-outdoor-468x222 Scarlet-Hotel-England-room-468x209 Scarlet-Hotel-England-468x214
Ова преубаво место покрај море е совршено за одмор и душевен мир. The Scarlet нуди часови по забавна јога, разни танци, сурфање, јавање на коњи и уште многу други активности.

Emirates Wolgan Valley Resort & Spa, Австралија

Emirates-Wolgan-Valley-Resort-pool-468x314 Emirates-Wolgan-Valley-Resort-suite-468x312 Emirates-Wolgan-Valley-Resort-australia-468x311
Во Големите Сини планинини, на 3 часа од Сиднеј, се наоѓа Wolgan Valley Resort, каде посетителите можат да бират од 40 луксузни апартмани направени во стилот на руралните австралиски фарми. Секој од нив има приватна тераса и базен. Хотелот има добиено многу интернационални награди за своите еко квалитети, најмногу благодарение на програмите за рехабилитација и користењето на обновлива енергија.

Garonga Safari Camp, Јужна Африка

Garonga-Safari-Camp-468x311 Garonga-Safari-Camp-photo-468x577 Garonga-Safari-Camp-room-468x311 Garonga-Safari-Camp-South-Africa-468x302
Еко – луксузното сафари сместувалиште ветува авантури во дивината и незаборавни средби со 4 од 5-те најпрепознатливи диви животни во Африка. Тука гостите престојуваат во удобни шатори покрај кои има дрвени палуби и лежалки, а се освежуваат со надворешните и внатрешните туш кабини. Во активностите се вклучени сафари, спа услуги, прошетки во дивината, а сите непотребни остатоци од храна и слично се претвораат во природен гас кој се користи за готвење.