Најдоброто од вас

21

mravka-senka-pixabay

Фото: Pixabay

Колку пати до сега сте си рекле: е ова е најдоброто што можев да го направам. Или колку пати сте слушнале некој да ви каже: ова е најдоброто што можев да го направам. Но, дали е тоа доволно и дали е тоа навистина така?

Да направите работи кои најдобро можете да ги направите, не значи дека сте направиле сè за да бидат како што треба. Значи, сте ги истражиле сите опции за да можете да кажете дека сте направиле некоја работа најдобро што може.

Сакам да споделам со вас некои мои практични работи кои јас и ние во нашата компанија ги практицираме за да може да направиме некоја работа најдобро што може:

– Прашања – за да може да направите некоја работа најдобро што може, тогаш треба да си поставите многу прашања (на себеси, пријателите, колегите, фамилијата, итн.) и да стигнете до вистинските одговори.

– Креативност – разбудете ја креативноста во вас и пробајте повеќе начини да го направите тоа што сакате или е побарано од вас на најдобар начин. Си страдаме од рутина, па не дозволуваме креативноста да навлезе во нашите животи при извршување на работите.

– Тим – пробајте со тимска работа. Доколку сте во можност, работете во тим затоа што така ќе имате можност за повеќе идеи за извршување на зададената задача.

– Планирање – пред да започнете со работа, имајте повеќе опции пред вас. Секоја опција разработете ја до перфектност и изберете ја најдобрата што вие мислите дека може да е соодветна за таа работа. Споделете ја со вашите колеги/пријатели/фамилија, можеби ќе добиете друга.

– Фокусираност – сме зборувале за ова, но е многу важно за да направите некоја работа најдобро што може.

– Подобрувања – настојувајте да се подобрувате секој пат. Не се задоволувајте со тоа на што сте. Секогаш стремете се кон повеќе.

– Искреност – бидете искрени кон себе и кон другите. Ако не знаете, признајте си дека не знаете.

– Евалуација – после завршената работа направете евалуација на сработеното (без оглед  дали сте дома или на работа) и прашајте се самите себе си: дали е ова најдоброто што можев да го направам?

Но, што и да правите, секогаш имајте го пред вас прашањето: А, зошто да го направам тоа најдобро што може? Многу е едноставно, затоа што со тоа секој пат сте сè подобри и подобри. Не знаете кои сè промени тоа предизвикува кај вас. Па, само погледнете ги горенаведените точки и ќе видите барем неколку од нив.

Со успех во промените.