Најдолгиот мост во светот ќе добие полначи за електрични возила

19

electric-charge-pixabay

Најдолгиот мост во светот, што ќе ги спојува Хонг Конг, Жухаи и Макао, ќе добие полначи за електрични возила, пишува China radio international на хрватски јазик.

До крајот на оваа година, се очекува да се постават 550 полначи, коишто чинат околу 13 милиони долари. Со помош на овие полначи ќе се поттикнува еколошката свест и поголемо користење на чиста енергија.

Мостот, којшто е во форма на буквата Y, се очекува да биде отворен за користење на крајот на оваа година. Pатувањето меѓу Хонг Конг и Жухаи преку овој мост ќе се скрати од три часа на само половина час.