Проблемите со синџирот на снабдување со делови го нарушија производството во три фабрики на BMW

Германскиот производител на автомобили БМВ денес соопшти дека проблемите во синџирот на снабдување со делови го нарушиле производството во три од неговите фабрики, принудувајќи ја компанијата да ги прилагоди смените.

Гореспоменатите проблеми влијаеле на работењето на фабриките во Регенсбург и Лајпциг во Германија, како и на фабриката во Оксфорд во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

БМВ изјави дека прекинот се случил поради краткорочен недостиг на делови од надворешниот синџир на снабдување, поради што одредени смени во некои производствени погони се откажани или нивното откажување во моментов се спроведува.