
Европскиот производител на авиони „Ербас“ денес ги претстави плановите за изградба на нова фабрика во близина на Тулуз, Франција, која треба да започне со работа во 2031 година, да вработи околу 3.500 луѓе и да вклучува инвестиција што надминува 600 милиони евра.
Новата фабрика ќе се простира на повеќе од 200.000 квадратни метри и ќе произведува држачи за мотори, структурните компоненти што го поврзуваат моторот на авионот со крилото, објавува деловниот портал BFM.
Овој погон ќе го надополни производството на постојната фабрика во Тулуз, чии капацитети повеќе не можат да одговорат на очекуваниот раст на производството.












