Најевтиниот електричен автомобил во Кина чини 3.700 евра, а во Европа над 12.000 евра

74

На Стариот континент сè уште се соочуваме со многу високи цени на електричните возила. Како што одминува времето, секако се очекува дека цените ќе бидат пониски, а во Кина тоа време веќе дојде. Освен тоа, доколку се дозволи да се продаваат во Европа, кинеските електрични возила сериозно би ги загрозиле европските производители.

Според анализата на Jato Dynamics, дури и европските е-модели што се продаваат во Кина почнаа да губат популарност поради високите цени.

Просечните цени на кинеските електрични возила се намалија од околу 40.000 на 22.000 евра. Брендовите Nio, Ora и Wey се во предност во таа насока. Најевтиниот електричен автомобил таму чини 3.700, а за споредба, најприфатливиот е-автомобил во Европа е над 12.000 евра. Исто така, просечната цена на е-возилата во ЕУ се зголеми за 10.000 евра од 2011 година и изнесува околу 42.000, додека во САД е околу 36.000 евра.

Значи, кинеските производители на електрични автомобили во моментов имаат голема предност пред европските и американските, објаснуваат од Jato Dynamics. Засега, тоа е голем проблем за европските марки што се појавуваат на кинескиот пазар, но заостанувањето може да се покаже како многу скапо на европскиот пазар, пишува ХАК.