Најголем дневен пад на цената на златото во последните 30 години

23

zlatoЦената на златото вчера падна за 8%, на 1.356,85 долари за унца од 1.500 долари во петокот, што е најголем дневен пад во последните 30 години. Распродажбата на златото започна во петокот поттикната од успорувањето на кинескиот раст кој укажува на веројатно глобално успорување.

“Цената на златото е економски и политички барометар, покажува општа слабост”, коментираат аналитичари за Ројтерс.

Златото сега се најде на една третина под рекордниот максимум од 1.920,30 долари за унца во октомври 2011 година.

Паралелно со златото, паднаа и цените на останатите благородни метали. Цената на среброто се спушти на најниско ниво од октомври 2010 година, а платината се спушти на најниско ниво од август минатата година. Значително ослабнаа и цените на останатите суровини, како што се индустриските метали и нафтата.

Goldman Sachs, кој изминатите недели им советуваше на инвеститорите да намалат со купување на злато, сега предупредува на понатамошен притисок на цената на нафтата поради слабата европска побарувачка.

Светската банка ја намали прогнозата за раст на економијата во источна Азија за оваа година, предупредувајќи на прегревање на поголемите економии во регионот кои би поттикнале инфлација и балони на пазарите, што дополнително го зголемува стравот кај инвеститорите за побарувања за нафта.