Најголем пад во продажбата на компјутери од 1990 година

27

Глобалната продажба на компјутери падна за 16,2 отсто во 2022 година во споредба со претходната година.
Според извештајот на истражувачката агенција Гартнер, продажбата на компјутери минатата година паднала за 16,2 отсто на 286,2 милиони единици во споредба со 2021 година, пренесува Анадолија.

Продажбата на персонални компјутери изнесуваше 65,3 милиони единици во последниот квартал од минатата година, што е пад од 28,5 отсто во однос на истиот период во 2021 година.

Падот на продажбата на персонални компјутери во последниот квартал е најголем пад откако се водат официјални записи од 1990 година.

Според извештајот, кинескиот Lenovo ја зазема водечката позиција со 68,9 милиони (24,1 отсто удел на пазарот). Следи Hewlett-Packard со 55,5 милиони единици (19,4 отсто од пазарниот удел), Dell е трет со околу 50 милиони (17,5 отсто), а Apple е со 27,9 милиони единици (9,8 отсто) на четврто место.