Најголем пораст на прометот во услугите има во поштенските и курирски дејности

27

Минатата година вкупниот индекс на прометот во услугите, во споредба со 2017 година, на годишно ниво изнесува 102.8, додека по тримесечја индексот во 2018 година се движи од 89.9 во првото тримесечје до 112.7 во четвртото тримесечје.

Прометот од продажбата на услугите во првото тримесечје од 2019 година беше повисок отколку во првото тримесечје од 2018 година за 2,6 %.Во првото тримесечје од 2019 година, најголем пораст на прометот во услугите има во поштенските и курирски дејности (за 90,4 %) и кај услугите поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (за 66,1 %). Зголемување на прометот има и кај правните и сметководствени дејности (за 27,3 %) и во заштитните и истражни дејности (за 27,1 %).

Најголемо намалување е забележано во филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма и дејностите на снимање на звучни записи и музичко издаваштво (за 74,9 %).

Евидентирано е и благо зголемување на индексот на прометот на услугите во периодот помеѓу првото тримесечје од 2014 година и првото тримесечје од 2019 година.