Најголем производител на свеќи во Европа

102

Во рамки на Европската унија (ЕУ) се произведени свеќи во вредност од 1,5 милијарди евра во текот на 2019 година, што е пораст од 6% во однос на производството во 2013-та година, велат податоците на Eurostat.

Полска е најголем производител на свеќи, со 617 милиони евра или 41% од вкупното производство во ЕУ во текот на 2019 година. Потоа следат: Италија (149 милиони евра) и Германија (143 милиони евра).

Во текот на минатата година, ЕУ увезла свеќи во вредност од 1,3 милијарди евра, што е 20% повеќе во однос на 2013-та година. Германија лани направила увоз на свеќи во вредност од 363 милиони евра, што е 27% од вкупниот увоз. Тоа ја прави Германија најголем увозник на свеќи, по што следуваат: Холандија (181 милион евра), Франција (110 милиони евра), Белгија (92 милиони евра) и Австрија (80 милиони евра).

Најголем дел од увозот од земји што се надвор од ЕУ доаѓа од Кина (183 милиони евра или 56% од увозот), по што следат Велика Британија (66 милиони евра) и САД (36 милиони евра).

Меѓу земјите членки на ЕУ, Полска извезе свеќи во вредност од 545 милиони евра во 2019 година, што претставува 38% од вкупниот извоз на ЕУ. Тоа ја прави Полска најголем извозник во ЕУ, по што следуваат Холандија (198 милиони евра), Германија (143 милиони евра), Белгија (111 милиони евра) и Чешка (89 милиони евра-

Скоро половина од извозот на свеќи на ЕУ заврши на пазарот на Велика Британија (151 милион или 46% од извозот на ЕУ). Остатокот отпаѓа на: Швајцарија (41 милион евра), Норвешка (39 милиони евра) и САД (31 милион евра).

Фото: Freepik