Најголема инвестиција во последните 30 години: Купуваат 88 американски Ф-35 за 14 милијарди долари

68

Канада ќе купи 88 борбени авиони Ф-35 за околу 14 милијарди долари.

Имено, канадската министерка за одбрана Анита Ананд  објави дека Канада го финализирала договорот со американската влада и компаниите Lockheed Martin и Pret & Whitney за набавка на 88 повеќенаменски борбени авиони од 5-та генерација F-35 Lightning II.

Првите четири авиони се очекува да бидат испорачани во 2026 година, а целосниот оперативен капацитет на флотата се очекува да биде постигнат помеѓу 2032-2034 година.

Владата буџетираше околу 19 милијарди канадски долари (15 милијарди американски долари) за борбените авиони, што е најголемата инвестиција во Кралските канадски воздухопловни сили во повеќе од 30 години.

Секој авион чини околу 85 милиони американски долари, а целосниот оперативен циклус на програмата се очекува да чини 70 милијарди канадски долари (52 милијарди американски долари).

Во однос на одбраната, Канада има директна соработка со САД, што вклучува заедничка употреба на борбени авиони за заштита на северноамериканскиот воздушен простор.

Најавата за купување на ловците беше објавена во позадина на претстојниот самит на северноамериканските лидери во Мексико Сити. На него ќе учествуваат канадскиот премиер Џастин Трудо, американскиот претседател Џо Бајден и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.