Најголемата американска приватна компанија останува во Русија: „Не заминуваме затоа што храната не смее да се користи како оружје“

349

Откако Западот објави санкции против Русија поради инвазијата на Украина, најголемата американска приватна компанија „Каргил“(Cargill) со седиште во Минесота, во која 88 отсто од сопственоста се членови на семејството Каргил-Мекмилан, најави дека ќе го намали својот бизнисво Русија и ќе ги стопира инвестициите, но не и да ја напуштат таа земја.

Компанијата работеше уште во времето на СССР од 1964 година, а по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, тие отворија канцеларија во Москва.

Cargill инвестираше повеќе од милијарда долари во трговијата со жито и храна во Русија и Украина, пишува американскиот „Star Tribune“.

Компанијата не објави дека целосно се повлекува од Русија, но дека ќе продолжи да работи и да управува со своите „основни земјоделски растенија и погони за добиточна храна во Русија“. Според магазинот Форбс, храната и лековите не се вклучени во санкциите.

„Храната е основно човеково право и никогаш не треба да се користи како оружје“, соопштија од Cargill.