
Британската централна банка, Банката на Англија, му изрече казна од 57,4 милиони фунти (67,2 милиони евра) на банкарскиот гигант HSBC (ХСБЦ) поради „сериозни грешки“ во врска со готовинските депозити на клиенти, пренесува француската новинска агенција АФП.
HSBC не успеа правилно да ги идентификува депозитите на клиентите кои се подобни за заштита според шемата за наплата за финансиски услуги на ОК во период од седум години до 2022 година, соопшти Банката на Англија.
Во согласност со правилата за заштита на штедачите, банките на Островот мора да воспостават системи и контроли за евидентирање на податоците кои се сметаат за почетна точка на шемата за компензација на штедачите во случај на пропаѓање на банката.
Во HSBC ја прифаќаат казната. Воедно изразија задоволство што работата е решена.











