Најголемата фабрика за батерии за електрични автомобили ќе чини четири милијарди евра

45

kola

Фото: Pexels

Иновативната компанија Northvolt објави дека ја избрала матичната земја Шведска за локација на која ќе се гради најголемата фабрика за електрични автомобили во Европа.

Главниот извршен директор на компанијата, Питер Карлсон рече дека фабриката ќе се гради во градот Скелефтеа, а ќе бидат вработени околу 2.500 луѓе. Во близина се наоѓаат главните шведски наоѓалишта на никел, кобалт, литиум и графит.

Изградбата на фабриката треба да започне во втората половина од следната година, а се очекува да се зголеми производството помеѓу 2020 и 2023 година. Откако ќе биде целосно оперативна во фабриката годишно ќе се произведуваат литиум – јонски батерии од вкупно 32 гигават  часа, пишува Reuters.

Во овој проект ќе бидат инвестирани четири милијарди евра.