Oltchim S.A., некогашен хемиски гигант во Романија, ќе се продава по делови на заинтересирани инвеститори, според новата стратегија за приватизација на компанијата, пишува Romania Insider.
Oltchim ќе биде поделена на девет одделни пакети, што ќе се продаваат индивидуално или заедно на заинтересирани инвеститори.
Фабриката во моментов работи само со една третина од капацитетот, а најважната инсталација за производство на ПВЦ е затворена со години. Во фабриката сè уште се произведуваат полиоли и сода бикарбона.
Романија се обидува да ја приватизира Oltchim преку 15 години, но сите обиди завршија безуспешно.