Најголемата руска банка ја тужи Европската комисија

63

Најголемата руска банка Sberbank поднесе тужби во кои ја оспорува одлуката на европската комисија и на Единствениот санациски одбор за наметнувањето на ограничувања на некои од нејзините активности во Европа.

Sberbank Europe AG со седиште во Виена, беше затворана во март по налог на Европската централна банка (ЕЦБ), која како причина го наведе ризикот од неизбежниот банкрот како последица на економските потешкотии на банката и потенцијалниот „јуриш на банките“ откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина.

„Јуриш на банките“ е настан кога од одредена причина голем број клиенти кои штедат во банката во  кусо време сакаат да ги подигнат своите средства од банката. Тоа може да доведе до банкрот, бидејќи банките немаат доволно средства за во кус рок да ги исплатат сите побарувања.

Единствениот санациски одбор кој е основан за да го ограничи трошокот за пропаѓањето на банките за даночните обврзници, на 1 март усвои одлука за санација во врска со претставништвата на Sberbank Europe во Хрватска и во Словенија, одлучувајќи сите акции да се пренесат на купувачот, наведувајќи го ризикот за финансиската стабилност на двете земји.

Sberbank не ги коментира тужбите кои се покренати на 22 август, според податоците што ги објави Европската унија.