Најголемата странска инвестиција досега во Израел: Американски гигант инвестира дури 25 милијарди долари

Американскиот производител на чипови Интел ќе изгради нова фабрика во Израел вредна 25 милијарди долари, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, истакнувајќи дека тоа е најголемата странска инвестиција досега во таа земја.
Фабриката во Кирјат Гат треба да се отвори во 2027 година и треба да вработи илјадници луѓе, соопшти израелското Министерство за финансии, пренесе Ројтерс.

Според Нетанјаху, договорот предвидува „Интел“ наместо досегашните пет да плаќа даночна стапка од 7,5 отсто.