Најголемата светска крипто берза напушта уште еден пазар

Најголемата светска крипто берза Binance објави дека ќе го напушти холандскиот пазар.

Имено, не успеала да добие лиценца за давање услуги за виртуелна сопственост (VASP) од државниот регулатор, пренесува Teледрејдер.

„Ова за жал значи дека од денес, новите корисници кои живеат во Холандија нема да бидат прифатени. Почнувајќи од 17 јули 2023 година, постоечките корисници кои живеат во Холандија ќе можат само да ги повлечат своите средства од платформата Binance. Понатамошни купувања, тргување или депозитите нема да бидат можни. Ги охрабруваме тие корисници да преземат соодветни мерки со повлекување средства од нивните сметки“, изјави Binance за CoinDesk.