Најголемата светска пиварница ќе произведува пиво на еколошки начин

21

Фото: AB Inbev

Белгиската пиварница AB Inbev, што воедно е и најголема во светот, создаде нов начин на призводство на меурчиња во пивото, пишува Ihnabitat.

Според компанијата, станува збор за техника со којашто се очекува да се намалат емисиите на CO2 за 5%. Истата вклучува загревање на течноста под точката на вриење и потоа додавање на CO2 или азот за да се создадат меурчиња од гас.

Обично меурчињата се создаваат за време на вриењето што пак бара многу вода и топлина. Од AB Inbev тврдат дека нивната иновативна техника придонесува за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, а пивото останува свежо подолго време.

Пиварницата четири години го тестираше овој метод во експериментална фабрика близу Брисел, по што се префрли во поголеми капацитети во Велика Британија.

Иновативниот метод на производство ќе резултира и со намалување на потрошувачката на вода за 0,5 % што е еднакво на 1.200 олипмиски базени.