Најголеми грешки при презентација

30

pexels-photo-713149

Фото: Pexels

Премногу материјал

Вашата публика треба да го разбере секој ваш слајд во три секунди. Ако се премногу зафатени да го читаат она што го пишува на слајдот, нема да го слушаат тоа што вие им го зборувате. Исто така е важно да не кажувате  премногу информации во една реченица ова може само да ја збуни луѓето

Премногу потточки

Поделете ги сите потточки на посебен слајд и една по една објаснувајте ги. Ќе биде многу поразбирливо за вашата публика и вие подобро ќе знаете до каде сте стасале.

Не ја раскажувате до крај суштината на приказната

Најголемата грешка што презентерите ја прават е кога не ја раскажуваат целата приказна. Наместо да објаснувате дека приходите пораснале за 300%, пробајте да ја раскажете приказната, на пример – што правела компанијата со приходот којшто бил во пораст.

Неорганизираност

Кога им е дадено задача на луѓето да направат презентација, тие најчесто го отвораат PowerPoint и започнуваат. Ова е лоша идеја. Наместо тоа, прво земете малечки лепливи хартии и направете презентациска шема. Плус ограничениот простор на малечката хартија ќе ви помогне да се држите до правилото за три секунди.

Не вежбате

Најголема грешка на луѓето кои јавно говорат или презентираат е да недоволното вежбање. Многу е едноставно вежбајте сами со себе, пред огледало, или пред колеги и пријатели. Вежбајте повеќе од што мислите дека треба, колку повеќе пати ја “поминете“ презентацијата, толку полесно ќе ви биде.

Измени во последен момент

Примамливо е за секој да продолжи да прави измени до моментот додека на стапи на сцена, но со ова се наведувате себеси на грешки. Направете си правило да ја заклучите презентацијата ден или два претходно и не менувајте ништо.