Најголеми извозници на вакцини во светот

49

Извозот на вакцини за луѓе во светот, во текот на 2019-та година, достигна вредност од 28 милијарди долари.

Порталот World Top Exports направи листа на 15 земји коишто се најголеми извозници на вакцини за луѓе во 2018-та година во светски рамки.

На прво место е Белгија, којашто од извоз на вакцини инкасираше 6,4 милијарди долари и зафаќа 22,7% од вкупниот извоз на вакцини во светот.

Зад нејзе следуваат: Ирска (5,8 милијарди долари), Велика Британија (4,3 милијарди долари), Франција (3,8 милијарди долари), САД (2,4 милијарди долари), Италија (924,9 милиони долари), Индија (667,7 милиони долари), Германија (651,2 милиони долари), Полска (569,5 милиони долари) и Канада (569,2 милиони долари).

Фото: Pexels