Најголеми митови за милионерите

40

milioner

Фото: Pixabay

Многумина сонуваат да станат милионери, но тоа некако им изгледа недостижно. Вистината е дека во денешно време е можно да се стане милионер, повеќе отколку било кога претходно. Среќна околност е што постојат многу начини да стигнете до првиот милион. Но, пред се треба да ги надминете митовите кои кружат околу милионерите и начинот на кој тие се збогатиле.

1. Милионерите се попаметни

Луѓето имаат тенденција да ги ставаат милионерите на пиедестал, мислејќи дека тие се подобри или попаметни од останатите. Генералната забелешка е дека тоа не е вистина. Милионерите се обични луѓе, кои постигнале необична цел, но и тие прават грешки како и сите останати. Тие прават граматички грешки, дури можеби и имале проблем со учењето. Можеби биле заглавени во долгови и морале да испливаат од дното. Имале идеи кои никој не им ги прифаќал и бизнис неуспеси. Најчесто тие морале да се борат за да стигнат до врвот, да учат нови работи и да преминат преку многу сопки на патот.

Она што е заедничко за сите милионери е нивната посветеност кон остварување на целта. Тие се движат напред, без разлика на пречките што треба да ги надминат за да стигнат до целта.

2. Милионерите имаат повеќе среќа

Милионерите имаат среќата повеќе од останатите луѓе? Тие добиваат на лото, од прва им успева бизнис идејата или добиваат шанса да работат во позната компанија и да бидат многу платени. Меѓутоа, не е баш така. Чистата среќа не е фактор од кој зависи успехот. Најчесто успешните луѓе си ја создале среќата. Покрај се, милионска идеја не вреди ништо без нејзината реализација.

3. Милионерите живеат раскошно

Кога ќе помислиме на милионери, најчесто ни се појавува слика на луѓе кои живеат во луксузни куќи и возат скапи коли. Но, дали е вистински така? Милионерите најчесто се обични луѓе кои живеат во нашето соседство. Тие своите пари ги трошат на неоходни и важни работи, исто како и сите останати луѓе.

Во повеќето случаи, милионерите станале тоа што се, токму затоа што многу штеделе во животот. Тие научиле да донесуваат паметни одлуки и не запреле кога го добиле првиот милион. Ако судиме по успехот што го постигнале, значи дека изборот кој го направиле им се исплател.

4. Милионерите се родени со пари

Следната честа заблуда која ја имаме за милонерите е дека тие се родиле со големо богатство или пак го наследиле. Меѓутоа, најновите податоци говорат дека 86% од милионерите сами си ги заработиле парите. Многумина во животот го достигнале дното, но со напорна работа успеале да се издигнат.

5. Милионерите се бестрашни

Можеби изгледа дека единствен начин за да се стане милионер е со полна пареа да одиме напред и да преземаме многу ризици. Но, стравот е нормална појава, дури и кај најуспешните луѓе. Тие исто така се плашеле кога требало да започнат сопствен бизнис. Чувствувале страв за иднината, да не го разочараат семејството, страв да не изгубат се.

Успехот бара преземање на ризик. Но, мудрите преземаат само пресметан ризик. Милионерите знаат како да ја истражат можноста и да го анализираат ризикот. Тие дури ќе направат и мала проба за да видат дали идејата ќе функционира, пред да инвестираат во неа. Исто така тие преферираат да соберат што повеќе информации, за да не направат лоша инвестиција.

Повеќето од милионерите живеат помеѓу оптимизам и песимизам, согледувајќи ги можностите реално. Тие поседуваат голем потенцијал, но и напорно работат и учат како да предвидат дали инвестивијата ќе се исплати.