Најголеми приватни компании во Русија според Forbes

74

Магазинот Forbes направи листа на 200 најголеми приватни компании во Русија, а на чело се најде нафтениот гигант Lukoil, чии приходи во 2018 година се проценуваат на 124 милијарди долари.

На второ место се најде уште еден нафтен гигант, Surgutneftegas (29 милијарди долари), додека на трето место се најде трговскиот бренд X5 Retail Group со 23,9 милијарди долари.

Првата петорка најголеми компании во приватна сопственост во Русија ја заокружуваат прехранбениот бренд Magnit со 19,3 милијарди долари приходи и нафтената компанија Tatneft (14,2 милијарди долари).

Според Forbes, вкупните приходи на најголемите 200 руски приватни компании се зголемени за 22,2% на 681 милијарда долари.

Фото: Freepik