Најголеми приватни компании во САД

18
Business people shaking hands together

Koch Industries е најголема американска приватна компанија, којашто се занимава со производство, рафинирање и дистрибуција на нафта, хемикалии, енергија, минерали, природни ѓубрива, финансии, трговија, инвестиции… Според магазинот Forbes оваа мултинационална корпорација за годинава планира да инкасира 115 милијарди долари, а вработува 100.000 лица.

Втора најголема компанија е Cargill, којашто се занимава со земјоделски услуги, храна, фармацевтски производи, финансии… има приходи од 114,6 милијарди долари и 155.000 вработени.

Deloitte е консултантска куќа и трета најголема приватна компанија во САД со 47,6 милијарди долари приходи оваа година и 330.000 вработени.

Зад нејзе е уште една компанија од истата дејност PricewaterhouseCoopers со приходи од 43 милијарди долари и 276.000 вработени.

Првата петорка најголеми приватни компании во САД ја комплетира синџирот супермаркети Publix со приходи од 38,1 милијарда долари и 207.000 вработени.

Меѓу 10-те најголеми компании во САД, коишто не котираат на берза, се и: Ernst & Young (37,2 милијарди долари), Mars (37 милијарди долари), Reyes Holdings (35 милијарди долари), H-E-B (31,2 милијарди долари) и Pilot Flying J (29,5 милијарди долари).

Фото: Freepik