Најголеми производители на чај во светот

70

Чајот за многу култури е напиток без којшто не може да се замисли денот. Освен како рутина, чајот има различни здравствени придобивки за оние кои редовно го консумираат.

Во светот најголем производител на чај е Кина со производство проценето на над два милиони тони.

Меѓу петте најголеми производители на чај во светски рамки се и: Индија (1,2 милиони тони), Кенија (432.000 тони), Шри Ланка (340.000 тони) и Виетнам (241.000 тони).

Фото: Pexels