Најголеми производители на какао во светот

Какаото е основна состојка за производство на највкусните чоколади во светот. “Чоколадната“ индустрија достигна вредност од 103 милијарди долари, она што наидува на критики кога се работи за какаото е неговото берење, бидејќи милиони деца се вклучени во тој макотрпен процес, пренесува World Atlas.

Најголем производител на какао во светот е Брегот на слоновата коска со скоро два милиони тони на годишно ниво.

Меѓу петте најголеми производители на какао се вбројуваат и: Гана (883.652 тони), Индонезија (659.776 тони), Нигерија (328.263 тони) и Камерун (295.028 тони).

Фото: Pexels