Најголеми “убијци“ на продуктивноста

199

Продуктивното работење значи вложен труд, време, пари и други важни ресурси и на крајот се остварени значителни резултати. Но, понекогаш постојат директни или индиректни фактори што можат да влијаат врз вашата продуктивност. Најважно е да ги идентификувате и да не дозволите да ја “убијат“ продуктивноста во вас кога тоа е најпотребно.

Немате поддршка од окружувањето

За да бидете успешни во она што го работите, потребно е да имате силна верба во самите себе, но и да ве поддржуваат луѓето кои се во ваша близина. Доколку изостанува тоа, тогаш почесто ќе бидете дефокусирани, расеани и нефокусирани на задачите и целите. Иако ова не може директно да ја загрози вашата продуктивност, сепак и тоа како може да влијае на вашите резултати и успеси.

Имате лоши животни навики

Правилна исхрана, умерена физичка активност, држење подалеку од сите пороци… сето ова води кон здрав живот. Но, ако сте им “роб“ на лошите навики, како што се нередовна исхрана, не се движите доволно, консумирате алкохол или цигари, тогаш можно е тие да остават последици по вашето здравје, не само по вашата продуктивност и ефикасност во работењето.

Не знаете да кажете НЕ

Не треба да бидете one man show кога работите. Не ги прифаќајте оние задачи што не се во описот на работното место. Ако се натрупувате со работа што не е ваша, тогаш вашите задолженија ќе ги занемарите, ќе ги пробиете дадените рокови или ќе бидат исполнети со многу грешки и неправилности. Затоа, научете да велите НЕ кога ќе процените дека тоа може само да ја влоши вашата продуктивност.

Фото: Freepik