Најголемиот хотел во Југославија повторно ги отвори вратите за посетителите

381

Најголемиот хотел во поранешна Југославија, Brioni, по повеќемилионските инвестиции и реновирања повторно ги отвори вратите за посетителите.

Хотелот Brioni со повеќе од 230 соби, е елегантна модернистичка зграда која се издига среде борова шума, пред една од најповолните крајбрежни перспективи на Јадранот, пишува британски Financial Times.

Овој хотел лесно може да се нарече зенитот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, нација предводена од нејзиниот доживотен претседател Јосип Броз Тито.

Со отворањето на Brioni во раните 70-ти беше планирано да биде домаќин на меѓународни филмски гости кои пристигнуваат на годишниот филмски фестивал од висок профил во Пула.

Името на хотелот, каде Тито живеел и работел шест месеци секоја година, се вели дека го предложила актерката Софија Лорен.

Сега, по реновирањето кое чинеше околу 34 милиони евра и беше инвестирано од Arena Hospitality Group во соработка со Radisson, зградата повторно се роди како „Grand Hotel Brioni Pula“.

Еден од водичите што ја водел туристичката група низ островот еднаш рекол дека „влегувајќи во хотелот го почувствувал мирисот на Југославија“.

Повторното отворање на овој „запоставен ѕвер“ како што е опишан од Financial Times изгледаше речиси невозможно. Но, трудот вредеше.

Ѕидовите на ходниците во Brioni блескаат со кристали Сваровски, користен е полиран мермер и месинг, а менито што е подготвено е извонредно.