Најголемиот норвешки пензиски фонд се повлече од 14 компании кои произведуваат оружје

71

Најголемиот норвешки пензиски фонд KLP се повлече од својот удел во 14 компании кои произведуваат нуклеарни проектили и друго оружје. Во соопштението на KLP, чие седиште e во норвешката престолнина Осло, која управува со 35,4 милијарди долари, се наведува дека донеле одлука да се повлечат од уделот во компаниите за кои се смета дека ги прекршуваат правилата за производство на оружје.

Одлуката ќе влијае на компаниите кои произведуваат одредено оружје.

Во соопштението се вели дека веќе нема да работи со 14 компании од овој месец, вклучувајќи ги и британските Rolls Royce, Raytheon Technologies со седиште во Масачусетс и француската Thales.

Се додава дека Rolls Royce произведува делови за серија бродови кои можат да лансираат нуклеарни проектили, истакнувајќи дека одлуката за повлекување од акциите на компаниите е донесена поради кршење на етичките правила.