Најголемиот ризик за глобалната економија за кој никој не зборува

122

Според проценката на CNN, заклучувањето во Кина е најголемиот занемарен ризик за глобалната економија. Скоро 400 милиони луѓе во 45 градови се под целосно или делумно заклучување како резултат на политиката на „нулта инфицирани“ на коронавирус.
Според финансиската компанија Nomura Holdings, тие сочинуваат 40 отсто или 7,2 трилиони долари од кинескиот БДП. Аналитичарите предупредуваат на економските последици од рестриктивните епидемиолошки мерки, сметајќи дека компаниите не им пристапуваат како што треба.

„Глобалните пазари можеби го потценуваат влијанието, бидејќи многу внимание е посветено на руско-украинскиот конфликт и затоа што Министерството за финансии на САД ги зголемува каматните стапки“, напиша Лу Тинг од Номура холдингс во неодамнешниот извештај.

Најрестриктивни мерки се во Шангај – град со 25 милиони жители, град со големо производство и голем извоз. Пристаништето во Шангај, кое минатата година сочинуваше 20 отсто од вкупниот товарен транспорт во Кина, моментално не е во функција. Во контејнерите има и храна за целиот свет, која, според Си-Ен-Ен, се распаѓа бидејќи системите за ладење не работат.

Стоката во ова пристаниште се задржува во просек осум дена пред испораката, што е 75 отсто подолго од времето пред затворањето. Откажани се сите карго летови до и од Шангај, а 90 отсто од камионите за извоз и увоз не се користат. Шангај сочинува шест отсто од вкупниот извоз на Кина, а постоечките епидемиолошки мерки влијаеја на синџирот на снабдување.

Компаниите, кои работат за Sony и Apple, го прекинаа производството. Меѓу таквите компании е Quanta, која го произведува MacBook. Ројтерс објави дека Тесла произведе 50.000 автомобили помалку.

Мајкл Хирсон од консултантската компанија Eurasia Group очекува дека во следните шест месеци ќе има економски и социјални нарушувања поради рестриктивните епидемиолошки мерки во најнаселената земја во светот, пренесува CNN.