Најголемиот синџир за брза храна се повлекува од земја со 20 милиони жители

103

Мекдоналдс има намера да го напушти Казахстан по нарушувањата предизвикани по нападите на Украина. Причината е што оваа  држава остана без замена за руските залихи од месо, наведува Блумберг.

Најголемиот светски синџир за брза храна ќе се повлече од земјата со 20 милиони жители која граничи со Русија по само шест години работа таму. Руската инвазија на Украина минатата година, ги прекина глобалните синџири за снабдување и ја погоди оваа поранешна советска република.

Конкретно, како причина за наведената одлука биле прекините во снабдувањето со месо пд Русија во конткст на нејзината специјална воена операција.

Додека казахстанските фирми не подлежат на санкции против Москва, Мекдоналдс забрани локални франшизи да купуваат месо од руски добавувачи, велат извори за Блумберг.

Исто така, се наведува, дека казахстанските фирми не можеле да купуваат месо од домашни или европски добавувачи, затоа што повисоките цени и трошоци на превозот на стоката по земјата ќе значеше работа со загуба.

Уште во ноември Мекдоналдс (Food Solutions KZ LLP)  ја сопре работата на своите ресторани, а најавуваше дека се обидува да го реши проблемот и да продолжи со работа што поскоро.

Сопственик на франшизата Мекдоналдс во Казахстан е  бизнисменот Каират Боранбаев, кој во 2021 година според Форбс, тежи 590 милиони долари и го зазеде 14 место на најбогати луѓе на Казахстан. Кон крајот на декември 2022 година се појави пред судот во Астана поради малверзација во гасниот сектор.

Мекдоналдс на почетокот на годинава ги затвори и рестораните во Босна и Херцеговина.

Мекдоналдс ги прекина своите деловни активности во Русија во март 2022 година, а подоцна одлучи целосно да излезе од рускиот пазар и да го продаде бизнисот. Купувач беше Александар Говор, сопственик на лиценцата на компанијата, кој сега стопанисува со поранешните ресторани на Мекдоналдс под новото име „Вкусно и точка“.