Најголемиот светски преработувач на месо го обнови производството

24

Најголемата светска компанија за преработка на месо го обнови поголемиот дел од производството по компјутерскиот напад што се случил минатиот викенд, но експертите велат дека проблемот уште не е решен.

ФБИ нападот на ЈВЅ, чие седиште е во Бразил, го препиша на REvila, банда што комуницира на руски и којашто во последните месеци бараше откупи за да им дозволи на сопствениците повторно да имаат контрола над своите системи.

ЈВЅ има повеќе од 150.000 вработени ширум светот, а во САД е втор по големина производител на говедско, свинско и пилешко месо. Доколку таа огромна компанија престане со работа макар на еден ден, САД би загубиле скоро четвртина од своите капацитети за преработка на говедско месо.

Во октомври минатата година, претставник на REvila рекол дека земјоделскиот сектор ќе биде главна цел на групата. Исто така, се закани дека ќе организираат аукции за продажба на украдени чувствителни податоци од жртвите кои одбиваат да платат. Најновиот напад беше насочен кон сервери што ја поддржуваат комплетната работа на компанијата во Северна Америка и Австралија, но резервните сервери не биле погодени.

Фото: Facebook