Најголемите аквизиции во 2022 година

69

Стравот од рецесија го намали обемот на големи аквизиции во текот на изминатата година, но и покрај рекордната инфлација и зголемените каматни стапки, многу компании сепак најдоа начин да ги завршат вредните аквизиции.

Додека бројот на спојувања и превземања во Северна Америка во текот на првите три квартали од 2022 година се зголеми за 6,2 отсто во однос на претходната година на 13.806, вкупната вредност на тие зделки падна за 12 отсто на 1,71 трилиони долари, според PitchBook.

Поради континуираната геополитичка и макроекономска неизвесност, глобалната активност на М&А опаѓа три последователни квартали во првите девет месеци од оваа година, а во третиот квартал ослабна за 30 отсто во споредба со врвот постигнат во четвртиот квартал од 2021 година.

„Бевме на историски, историски врв“, вели професорката на бизнис школата во Колумбија, Дона Хичерик, истакнувајќи дека по последните две години на голем моментум на преземање, се чини дека се олади. Понекогаш, сепак, неизвесноста дава можност.

„Истражувањето покажа дека инвестициите за спојување имаат тенденција да бидат подобри кога пазарот е поладен“, вели таа.

Еве еден поглед на седумте најзначајни спојувања, превземања во 2022 година, составени од Inc.com.

Salesforce го презема Troops.ai
Датум: 15 јули
Цена: Необјавено

Alphabet  го презема Mandiant
Датум: 8 март
Цена: 5,4 милијарди долари

Adobe ја купи Figma
Датум: 15 септември
Цена: 20 милијарди долари

Oracle го купи Cerner
Датум: 7 јуни
Цена: 28,3 милијарди долари

Broadcom го купи VMware
Датум: 26 мај
Цена: 61 милијарди долари

Мicrosoft го презема Activision Blizzard
Датум: 18 јануари
Цена: 68,7 милијарди долари

Илон Маск го презеде Twitter
Датум: 14 април до 27 октомври
Цена: 44 милијарди долари