
Најголемите количини фалсификувани пари што стигнуваат до Балканот и земјите од Европската Унија доаѓаат од нелегални фабрики лоцирани на територијата на Романија, а криминалните групи вклучени во нивната понатамошна дистрибуција стекнуваат фалсификати по цена што е само дваесет проценти од вредноста на оригиналните пари.
Така, на пример, 200.000 евра се плаќаат за еден милион евра лажни пари.
Во Романија, според RTCG, се изработуваат лажни евра, кувајтски динари и американски долари, додека најтешко се фалсификува британската фунта.
Членовите на овие криминални групи сакаат да се претстават како Италијанци, Арапи, Грци, Чеси, а меѓу нив има и криминалци од територијата на поранешна Југославија.
Криминалците пребаруваат реклами во весници и интернет за недвижности, скапи автомобили, јахти, вреден накит, часовници, уметнички дела, па дури и коњи.
Местата за состаноци обично се градови на северот од Италија, а како „резервна опција“ криминалците користат и градови во Франција, земјите од Бенелукс или Шпанија.
Тие дејствуваат во поголеми групи, што ѝ отежнува на полицијата да ја разбере структурата на групата и обемот на измамата.
Ова им овозможува на шефовите на криминалните групи да ги држат оние на пониската хиерархија во незнаење за големината на пленот, пренесува Танјуг.











