Најголемите компании во прехранбената индустрија на Балканот ќе се здружат?

32

Miodrag KosticИдејата на Миодраг Костиќ, сопственик на МК група за спојување на најголемите регионални компании од прехранбената индустрија, иако хипотетичка, наиде на позитивен прием во регионот. Произведувачите во прехранбената индустрија во регионот размислуваат за создавање на заедничко претпријатие преку кое ќе настапуваат на трети пазари, кое без сомневање би било многу силно и надвор од границите на поранешните југословенски републики, пишува Б92.

Заедничката компанија АМАНП би ја сочинувале Агрокор, МК група, Атлантик, Нектар, Подравка и компании од Македонија и Црна Гора.

“Како и сите големи проекти во светот, никој не верува во нив на почетокот. Она што ми е идејата е да ја видам одржливоста на овој проект. Да се спојат најуспешните компании кои веќе имаат заеднички акционер, а тоа е Европската банка за обнова и развој, која веќе го препозна квалитетот на секоја компанија поединечно”, вели Миодраг Костиќ, сопственик на МК група.

Простор за натпревар има, а како една од првите точки за напад сите го гледаат арапскиот свет. Извршниот директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов потсети дека арапскиот регион има голем потенцијал, но не и храна.

“Македонија од вкупната размена има само 0,6% со Магреб и арапските земји, додека ЕУ има некаде околу 7% вкупна размена. Тоа е знак дека потенцијалот е голем и може да расте”, вели Цветанов.

Во хрватски Агрокор велат дека идејата што претседателот на МК група ја изнесе на 80. Саем за земјоделие во Нови Сад е одлично стратешко размислување и дека ја поддржуваат иницијативата која оди во таа насока.

Проценките покажуваат дека здружената компанија би имала околу седум милијарди евра годишен приход и една управа, но тоа би било само почеток на нејзиниот раст.