Goldman Sachs, Nike и Starbucks се дел од компаниите кои што 100% ќе користат енергија од обновливи извори, пишува Independent.co.uk.
Овие три компании се дел од 36-те на листата на Fortune 500, коишто се обврзаа да користат енергија само од обновливи извори.
Овие компании се обврза да ја намалат емисијата на штетни гасови во рамки на кампањата RE100, којашто ја спроведува непрофитната организација The Climate Group. Тие не го прават тоа само поради алтруизам, туку и поради резултатите од истражувањата што покажуваат дека компаниите со пониска емисија на јаглерод диоксид остваруваат подобри резултати.
Претседателот на управата на Climate Group, Марк Кенбер, изјави дека компаниите со најамбициозните програми за намалување на емисијата на штетни гасови, може да очекуваат поврат од 27% на нивните инвестиции.
“Намалување на ризикот, заштита од поскапување, заштеда на средства и зајакнување на брендот е тоа што создава економија со ниска емисија на штетни гасови“, изјави Кенбер.