Најголемите нафтени компании од почетокот на војната во Украина профитирале 260 милијарди евра

48

Петте најголеми нафтени компании во светот оствариле профит од 260 милијарди евра од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, што доведе до драматично зголемување на цените на енергијата и на сметките за домаќинствата, објави меѓународната невладина организација Глобал Витнес.

Во прашање се компаниите Шел, Бритиш Петролеум (БП), Шеврон, Ексон Мобајл и Тотал Енерџи, пишува Гардијан.

Британските енергетски гиганти Шел и БП од почетокот на војната оствариле вкупен профит од 87,4 милијарди евра, а Глобал Витнес проценува дека оваа сума е доволна за покривање на сите сметки за струја на британските домаќинства 17 последователни месеци.